СТОПЕРОТ Е КЛУЧОТ ЗА УСПЕХ НА БАВАРЦИТЕ

Серија од две години: Баерн Минхен не губи кога Боатенг е во тимот

објавено: 21 ноември 2013 - 09:31

Повеќе од две години и дури 57 мечеви е серијата на германскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Џером Боатенг. Толкав период, кога тој игра, баварскиот гигант не знае за пораз. Без него, Баерн знае да загуби, а со него во тимот, шансата да бидат победени е практично невозможна.

Германските медиуми ја извадиле статистиката, па Боатенг меѓу големиот број на ѕвезди во тимот на Пеп Гвардиола, по се изгледа е клуц за успех. Баерн сезонава во 17 меча има 14 победи, а загуби на стартот на сезоната во германскиот Суперкуп од Борусија Дортмунд. Но, тогаш Ботатенг нема играно. Од 28 осктомври 2012 година, Боатенг не знае за пораз. Последен пат со него во тимот, Баерн загуби од Баер Леверкузен, а во тие две години, Баварците освоија две германски титули, а двата порази во Бундеслигата минатата сезона од Аугзбург и „милионерите“ беа запишани без Боатенг во тимот.

Инаку со оваа серија од 57 меча, Боатенг е рекордер во Германија и тешко дека некој ќе го стигне рекордот. Тој со Баерн ја освои европската титула лани, а во јули годинава стана и светски шампион со Германија.

Најново во Меѓународен Фудбал