НЕ МУ ОДГОВАРАЛЕ КРИТИКИТЕ ПО ДЕРБИТО

Рибери со шлаканици по некогашниот фудбалер

По поразот од Борусија Дортмунд во германско дерби (2-3) во рамките на 11. коло во Бундес-лигата, Берн Минхен го „тресе" голема афера.

објавено: 12 ноември 2018 - 09:30

По поразот од Борусија Дортмунд во германско дерби (2-3) во рамките на 11. коло во Бундес-лигата, Берн Минхен го „тресе“ голема афера.

Според „Билд“ по овој дуел неколку сведоци виделе како Франк Рибери му удира три шлаканици на некогашниот фудбалер Патрик Гију, а сегашен телевизиски коментатор во „Бе ИН Спортс",  кој го критикуваше Баерн поради лошите игри во дербито.

Познатиот француски стручњак за Бундес-лигата, истакнал дека Рибери е еден од виновниците за поразот на неговиот тим бидејќи неколку пати кога ја изгубил топката Борусија направила неколку опасни контранапади, последниот напад беше за победа.

Сведоците го опишале нападот: Рибери излегуваше од стадионот и се движеше кон автобусот на Баерн, Гију дојде да му земе изјава. Фудбалерот прво почна да го навредува, а потоа му удри три шлаканици, на крај го турна.

На голема среќа колегите на некогашниот фудбалер и соиграчите на Рибери веднаш дотрчале и спречиле поголем инцидент. И спортскио директор на Баерн потврдил дека по мечот дошло до инцидент.

„Рибери не извести дека имал судир со својот сонародник кого го познава долги години. Се согласивме дека со него ќе разговараме за да видиме како да го решиме тоа прашање. Гију даде сигнали дека тоа е во негов интерес“, изјави Хасан Салихамиџиќ. 

Најново во Меѓународен Фудбал