БАВАРЦИТЕ СЕ НАМАЧИЈА

Поништени голови, ВАР и победа на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Во првиот меч од новата сезона во Бундес-лигата, Баерн Минхен потешко од очекувањата го совлада Хофенхајм со 3-1. 

објавено: 24 август 2018 - 23:12

Баерн Минхен одбраната на титулата ја започна со победа над Хофенхајм од 3-1 во дебито на новиот стратег Нико Ковач. Дуелот го одбележаа три поништени голови, како и консултација на судијата со ВАР-техонологијата. 

Томас Милер во 23. минута го отвори мечот, беше највисок во петерцот на Хофенхајм. Бававрците имаа две шанси на полувремето да заминат со поголемо водство, но Алаба и Коман беа непрезицни. 

Во продолжение Роберт Левандовски ја затресе мрежата на противникот, но голот беше поништен поради офајсд. Неколку минути подоцна стигна казната. Адам Салаи израмни на 1-1. Баерн сепак во самиот финиш успеа да дојде до триумф. 

Левандовски од белата точка донесе водство, но од вторпат. Првиот удар беше поништен, откако неколку гостински фудбалери рано влегоа во казнетиот простор. Полскиот напаѓач не погреши зголеми на 2-1. Неколку минути подоцна, Милер случајно ја погоди мрежата на противникот, топката се одби од него. По консултација со ВАР, погодокот беше поништен. На крајот Робен ги постави конечните 3-1.

 

Најново во Меѓународен Фудбал