ВЕЧЕРВА СТАРТУВААТ И ГЕРМАНЦИТЕ

Почнува Бундес: Баерн па сите други!

Со мечот меѓу бранителот на титулата Баерн и Хофенхајм на „Алијанц арената", вечерва 20.30 часот, почнува новата сезона во германскиот шампионат - славната Бундес лига

објавено: 24 август 2018 - 17:22

Баерн цели кон седмата титула по ред во Бундес лигата што би било подобрување на рекордот. Во текот на летото ги презема довчерашниот стратег на Ајнтрахт Нико Ковач, кој наследи силен тим со Роберт Левандовски. Полјакот кој беше незадоволен и бараше да си замине, на крајот остана во Минхен. Робен и Рибери ги продолжија договорите за уште една година, а новаците Серж Гнарби и Леон Горецка би требало да покажат дека се иднината на Баерн.


Шалке, Хофенхајм и Борусија Дортмунд ќе пробаат да се задржат во топ четири, па дури и да го загрозат Баерн. Баер од Леверкузен, Лајпциг и Борусија од Менхенгладбах ќе пробаат да нападнат место во Лигата на шампионите, додека новаците Фортуна Дизелдорф и Нирнберг имаат цел да опстанат во елитата.

Ќе видиме колку може Шалке оваа година. Талентираниот стручњак Доменико Тедеско имаше убава сезона, а сега ќе треба да покаже многу повеќе затоа тимот го очекува и настап во Лигата на шампионите. Горецка и Мејер заминаа, а нови фудбалери се Суат Сердар, Омар Маскарел и Марк Ут.

Големо изненадување би можел да приреди Хофенхајм. Јулијан Нагелсман и минатата сезона продолжи да се докажува како еден од најдобрите тренери на светот и тоа на начин што малиот селски клуб го одведе до третото место и директно во ЛШ.

Борусија Дортмунд е мистерија, затоа што освен тренерска, направија и играчки промени. Ростерот претрпе измени, Папастотопулос и Кастро си заминаа, а беа донесени интересни играчи. Многу платија за дефанзивецот Дијало, а дојдоа Томас Дилејни и Мариус Волф. Батшуи замина, а до крајот на месецот мора да се донесе уште еден квалитетен напаѓач.

 

ТОП 5 ТРАНСФЕРИ
1. Абу Дијало од Мајнц во Борусија Дортмунд 28 мил.евра
2. Алесане Плеа од Ница во М'гладбах 23 мил.евра
3. Томас Дилејни од Вердер во Бор.Дортмунд 20 мил.евра
4. Аксел Витцел од Тјанџин во Борд.Дортмунд 20 мил.евра
5. Паулињо од Васко де Гама во Леверкузен 18,5 мил.евра

И Леверкузен, Лајпциг и Менхенгладбах имаат високи цели, а ќе ги видиме нивните можности. На Леверкузен му даваме поголеми шанси за изненадување затоа што има млад и перспективен тим и играчи како Фоланд, Бејли, Бендер, Хаверц...

Штутгарт може да биде пријатно изненадување. Тајфун Коркут е нов тренер, а дојдоа многу играчи способни да обезбедат добар пласман: Кемпф (Фрајбург), Мафео (Ман.Сити), Борна Соса (Дин.Загреб), Кастро (Дортмунд) и Дидави (Волфзбург). Голем плус е останувањето на светскиот шампион со Франција Бенјамин Павар.

Ајнтрахт Франкфут претрпе сериозни кадровски промени и по големиот кикс во Купот, не е меѓу кандидатите за висок пласман.
Кога е во прашање пласманот во понизок ранг, кандидати има седум. Тука се Аугзбург, Фортуна, Фрајбург, Хановер, Мајнц, Вердер и Волфзбург. Не е исклучено некој од нив, како на пример Аугзбург минатата сезона, да изненади, а ние типуваме на Вердер.

РАСПОРЕД 1. КОЛO
Петoк
20.30 Баерн - Хофенхајм
Сабота
15.30 Херта - Нирнберг
15.30 Вердер - Хановер
15.30 Фрајбург - Ајнтрахт
15.30 Фортуна Д. - Аугзбург
18.30 Менхенгладбах - Леверкузен
Недела
15.30 Мајнц - Штутгарт
18.00 Дортмунд - Лајпциг

 

ПРЕДЛОЗИ

ХЕРТА - НИРНБЕРГ               1
ВЕРДЕР - ХАНОВЕР             0-2
ФОРТУНА Д. - АУГЗБУРГ     2-3
БАЕРН - ХОФЕНХАЈМ          ГГ3+

 

Најново во Меѓународен Фудбал