НЕВЕРОЈАТНО ОТВОРАЊЕ НА ОСМОТО КОЛО ВО ГЕРМАНИЈА

„Петарда“ од соништата: Историја е испишана во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Вечерва во Франкфурт составот на Ајнтрахт го декласираше Дизелдорф со дури 7:1, после првото полувреме водеа избраниците на тренерот Хутер водеа со 3:0.

објавено: 19 октомври 2018 - 22:38

Феноменална партија во редовите на домашната екипа забележа српскиот интернационалец Лука Јовиќ кој запиша дури пет погодоци, два во првите, а три во вториот 45. минути. Србинот е првиот фудбалер во историјата на Ајнтрахт кој постигнал пет голови на еден натпревар. Освен тоа, тој е најмладиот играч во Бундеслигата со таков учинок, со 20 години и 300 дена.

Двапати во листата на стрелците се запиша Халер, а на спротивната страна единствениот гол беше дело на Лубебакјо во 53. минута од средбата.

Ова е трет триумф по ред за Ајнтрахт Франкфурт, вкупно четврти сезонава, додека Дизелдорф го претрпе веќе четвртиот пораз во низа и е на самото дно со пет бодови.

Бундеслига, 8. коло

Петок

Ајнтрахт Франкфурт-Дизелдорф 7:1

Сабота:
15:30 часот
Аугсбург-Лајпциг
Баер Леверкузен-Хановер
Нирнберг-Хофенхајм
Штутгарт-Борусија Дортмунд
Волфсбург-Баерн Минхен

18:30 часот
Шалке-Вердер Бремен

Табела:

1.Борусија Дортмунд 17 бодови
2.Лајпциг 14
3.Борусија Менхенгладбах 14
4.Вердер Бремен 14
5.Херта Берлин 14
6.Ајнтрахт Франкфурт 13
--

Најново во Меѓународен Фудбал