Французинот ги демантира новинарите

Павар: Не сум потпишал ништо со Баерн!

Го преселија во Баерн (М) пред време. Демантот стигна лично од францускиот дефанзивец.

објавено: 5 септември 2018 - 16:30

Иако германските медиуми уште за време на светското првенство во Русија го преселија во Баерн (М), францускиот дефанзивец од екипата на Штутгарт вели дека тоа не е вистина.

Во својата последна изјава за авторитетниот француски весник „Л'Екип", Бенжамин Павар ги демантираше гласините дека веќе се договорил со баварците за трансфер во редовите на шампионот следното лето.

„Јас не сум потпишал ништо со Баерн. Тоа е само новинарска шпекулација. Се чувствувам удобно во Штутгарт и планирам да останам тука уште една година", изјавил Павар.

22-годишниот дефанзивец според најавите требаше да замине во Минхен на крајот на сезоната за сума од околу 35 милиони евра.

Најново во Меѓународен Фудбал