НОВИ СРЕДБИ ОД ПРВОТО КОЛО ВО БУНДЕСЛИГАТА

Менхенгладбах за три минути го „реши“ Баер Леверкузен! (ВИДЕО)

Борусија Менхенгладбах го совлада Баер Леверкузен со 2:0 во најинтересниот дуел од првото коло од Бундеслигата.

објавено: 25 август 2018 - 21:29

Во првиот дел домаќините пропуштија шанса да постигнат гол, откако во 38. минута од средбата Торган Азар не реализираше пенал.

После паузата избраниците на тренерот Хенинг забележаа два гола за три минути. Хофман (55.) донесе водство, а Џонсон (58.) го искористи додавањето на Рафаел.

Во останатите дуели од саботната програма: Дизелдорф-Аугсбург 1:2, Фрајбург-Ајнтрахт Франкфурт 0:2, Херта Берлин-Нирнберг 1:0, Вердер Бремен-Хановер 1:1, Волфсбург-Шалке 2:1. В недела ќе играат Мајнц-Штутгарт (15:30 ч.) и Борусија Дортмунд-Лајпциг (18:00 ч.)

Најново во Меѓународен Фудбал