МАЛКУ НЕДОСТАСУВАШЕ ШОКАНТНА ЕЛИМИНАЦИЈА ВО КУПОТ

Левандовски спречи голем срам за Баерн!

Во рамките од првото коло во Купот на Германија, многу потешко од очекувањата славеше шампионот на таа земја.

објавено: 19 август 2018 - 09:00

Како гостин составот на Баерн едвај со погодок дури во второто полувреме во 81. мин. донесе триумф од 0:1 против нисколигашот Дрохтерсен/Асел.

Не дека тренерот Ковач настапил со втор или трет тим против „аутсајдерот", туку на теренот играа сепак големи имиња како Левандовски, Робен, Рибери, Боатенг, Хумелс, Горецка...

Од фаворитите триумфираа Дуизбург, Волфсбург, Нирнберг, Баер Леверкузен, Вердер Бремен, а големо изненадување приредија Улм и Родингхаузен кои ги елиминираа Ајнтрахт Франкфурт, односно Динамо Дрезден. Исто така, интересен е и резултатот кој го оствари Хофенхајм над Кајзерслаутерн (6:1).

Најново во Меѓународен Фудбал