СОВЕТ НА ЛЕКАРИТЕ

Коман става крај на кариерата?

Французинот ризикува со своето здравје

објавено: 11 декември 2018 - 20:00

На почетокот на декември Кингсли Коман се врати на терените по речиси три месеци пауза по втората операција на глуждот. Всушност во 2018 година францускиот фудбалер два пати одеше на операција на левиот скочен зглоб поради што пропушти голем број на натпревари, а лекарите се мислеле за трета операција но играчот одбил.

„Ако е потребна трета операција, нема да им дозволам. Едноставно ќе биде премногу. Знам дека ризикувам со здравјето, но што е многу многу е", објасни Коман.

Во февруари Французинот прв пат се оперираше поради скршеница на коска во левиот скочен злоб и го пропушти Светското првенство. Таман се врати на терените, повторно скршеница на истиот зглоб и пак операција, пак пауза и дури сега почна да тренира. Во случај на трета повреда тогаш Коман ќе треба сериозно да размисли за крај на кариерата затоа што неговата нога не може да издржи голем напор.

„Тешко е за него да се носи со ова. Млад фудбалер со две сериозни повреди зад себе. Тој е депримиран затоа што никако да ги одмине повредите, а и процесот на рехабилитација е долг и мачен. Се надевам дека оваа година ќе ја заборави и понатаму ќе има повеќе среќа", вели спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Најново во Меѓународен Фудбал