На стадионот „Бентегоди" во Верона, составот на Јувентус едвај дојде до првите три бода славејќи над незгодниот Киево со резултат 2:3.
Уште во третата минута поведе „Старата дама" со голот на Кедира, а во 38-та следуваше израмнување од страна на Степински.
Потоа, во второто полувреме Џакерини се погрижи за позитива на домаќините, а автогол си постигна Бани за нов егал на оваа интересна пресметка.
Роналдо го имаше официјалното деби во дресот на „Старата дама", но португалскиот голгетер не се запиша во листата на стрелците.
За неговото деби да биде успешно се погрижи неговиот тимски колега Бернардески кој во самиот финиш (90+3) по додавањето на Алекс Сандро ги израдува навивачите во Торино.