ОСТАНУВА ВЕРЕН НА „НЕРО-АЅУРИТЕ“

Тренерот Спалети го продолжи договорот со Интер!

Официјално, Лучано Спалети го продолжи договорот со Интер, италијанскиот стручњак ќе ги води „неро-аѕурите" до лето 2021. година.

објавено: 15 август 2018 - 16:30

Не се уште познати финансиските детали околу продолжувањето на соработката, но досега се знаеаше дека неговата годишна заработка изнесуваше околу четири милиони евра и беше меѓу најплатените тренери во Серија А.

Спалети во Интер дојде во јуни минатата година и успеа со клубот да стигне до четвртото место и му обезбеди пласман во Лигата на шампионите, прво учество од сезоната 2011/2012.

Тимот од „Џузепе Меаца" беше активен и летово на трансфер пазарот. Ги доведе де Фрај, Асамоа, Балде, Врсаљко, Димарко (Парма, позајмица), Мартинез и Наинголан.

 

Најново во Меѓународен Фудбал