ПОСЛЕ СОМНЕЖИТЕ ОКОЛУ ПАТРИОТИЗМОТ НА МЕСУТ ОЗИЛ

Германците воведуваат задолжително пеење на химната

објавено: 28 јули 2018 - 15:00

Секој фудбалер што игра за репрезентацијата на Германија, во иднина да мора да ја пее химната на оваа земја при интонирањето пред почетокот на натпреварите. Ова е предлогот на шефот на Слободната демократска партија на Германија во Баден-Виртембург, Ханс Улрих Рулке. 

Откако Месут Озил кој има турско потекло и беше исфрлен од националниот тим на Германија поради наводното немање желба да игра и поголемата љубов кон Турција од каде потекнува отколку кон Германија, сега се отвори темата дали и другите репрезентативци се посветени кон државата, и како да се обезбеди нивна поголема верност и патриотизам. 

Политичарот Рулке го пренесе предлогот на некои навивачи што треба да се направи.

„Не е претерано големо барање да се побара од фудбалерите да ја пејат националната химна. Идентификацијата со државата е неопходна, затоа мислам дека барањето на фановите е сосема нормално“ - изјави Рулке. 

Најново во Меѓународен Фудбал