НА „ШВАРЦВАЛД“ СТАДИОНОТ РАДОСТ ЗА ТИМОТ НА ФРАЈБУРГ

Бундеслига: Менхенгладбах губи чекор со Дортмунд (ВИДЕО)

Стартуваше вечерва деветтото коло во најсилната германска лига, на домашен терен Фрајбург го изненади тимот на Борусија Менхенгладбах со 3:1 за вкупно трета победа сезонава.

објавено: 26 октомври 2018 - 22:33

Играчите на тренерот Кристиан Штрајх воедно ја прекинаа низата серија од три натпревари без триумф, а од друга страна пак фудбалерите на Дитер Хекинг пропуштија шанса да се израмнат со Борусија Дортмунд на врвот на табелата во Бундеслигата.

Домаќините поведоа уште во првата минута од пенал кој го реализираше Петерсен, а со иста мера возвратија гостите преку белгискиот интернационалец Т. Азар во 20. минута.

Трите бода во второто полувреме за Фрајбург ги донесоа Валдшмит (57.) и Холер во самиот финиш од средбата (90+4).

Бундеслига, 9. коло

Петок

Фрајбург-Борусија Менхенгладбах 3:1 (Петерсен 1' пенал, Валдшмит 57', Холер 90+4/Азар 20' пенал)

Сабота, двојки:

15:30 ч.
Борусија Дортмунд-Херта Берлин
Дизелдорф-Волфсбург
Хановер-Аугсбург
Мајнц-Баерн Минхен

18:30 ч.
Хофенхајм-Штутгарт

Табела:

1.Борусија Дортмунд 20 бодови
2.Борусија Менхенгладбах 17
3.Вердер Бремен 17
4.Баерн Минхен 16
5.Лајпциг 15
6.Херта Берлин 15
--

Најново во Меѓународен Фудбал