10 најголеми фаворити за оваа сезона

Букмејкерите сигурни: Баерн и ПСЖ повторно ќе бидат шампиони

Коефициентите понудени за нови шампионски титули на Баерн (М) во Германија и на ПСЖ во Франција (1.04), практично уште од сега покажуваат дека нема да има промена на тронот во овие две европски национални првенства.

објавено: 12 септември 2018 - 17:00

Најголемите светски обложувалници ја искористија паузата во националните првенства поради репрезентативните возбудувања да ги корегираат коефициентите за обложување на новите шампиони во 10-те најсилни европски национални првенства.

Според она што денеска е ставено на хартија, еве кои се најголемите фаворити за освојување на шампионските пехари во десетте најсилни европски национални првенства за оваа сезона, според призмата на светските букмејкери, како и понудените коефициенти за обложување на нив:

Англија1.45 Манчестер Сити
Шпанија 1.45 Барселона
Италија 1.20 Јувентус
Германија 1.04 Баерн (М)
Франција 1.04 ПСЖ
Грција 1.95 ПАОК
Русија 1.85 Зенит
Холандија 2.00 Ајакс
Португалија 1.90 Порто
Турција 2.30 Галатасарај

Најново во Меѓународен Фудбал