ФАНОВИТЕ НА „МИЛИОНЕРИТЕ“ ВООДУШЕВЕНИ

Борусија Дортмунд се засили во последен час

Фановите на германскиот тим, Борусија Дортмунд можат да бидат задоволни. 

објавено: 28 август 2018 - 19:48

Челниците на клубот и официјално потврдија дека Пако Алкасер е новото засилување. 24-годишниот напаѓач доаѓа од Барселона како позајмен играч на една година. Борусија Дортмунд има право да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната, по што Алкасер би останал уште четири години во дресот на „милионерите“.

„Се радувам што наскоро ќе заиграм во Бундес-лигата. Ова е една од најдобрите лиги во светот, а Борусија со овие фантастични навивачи дефинитивно има нешто магично за секој фудбалер“, изјави за време на официјалната промоција новото засилување.

Во Дортмунд ќе го носи дресот со број девет, а неговото деби се очекува во петок кога овој тим му гостува на Хановер во раките на второто коло во Бундес-лигата.

Најново во Меѓународен Фудбал