БАВАРЦИТЕ ЈА САКААТ ЅВЕЗДАТА ВО СВОИТЕ РЕДОВИ

Баерн гледа кон Торино, се подготвува голем трансфер

Германскиот првак планира да направи големи промени за следната сезона, во која ќе остане без Рибери и Робен.

објавено: 22 август 2018 - 08:00

Според „Билд“, Баерн Минхен сака во своите редови да има вистинска ѕвезда, фудбалер кои ќе го растерети офанзивниот дел, а одлуката паднала на Паоло Дибала.

Германскиот првак планира да направи големи промени за следната сезона, во која ќе остане без Рибери и Робен.

Откако Гризман стана невозможна мисија поради големата откупна клаузула, челниците на баварскиот тим одлучија да тргнат во „лов“ по напаѓачот на Јувентус чија вредност се проценува на околу 100 милиони евра.

Дибала кој во дресот на Јувентус одигра 141 меча, а има постигнато 68 голови и 25 асистенции, со доаѓањето на Кристијано Роналдо веќе не е во преден план. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал