Од следната година

ПСЖ ќе пушти сопствена криптовалута

Фановите сега ќе можат да учествуваат во управувањето на клубот. Колку повеќе монети, толку посиле нглас.

објавено: 11 септември 2018 - 17:00

Францускиот шампион ПСЖ ќе пушти сопствена криптовалута во 2019 година, објавија француските бизнис изданија. Парижаните склучиле договор со стартап компанијата „Chiliz", подружница на блокбастер платформата Socios.com.

Така, „светците" ќе станат првиот фудбалски клуб кој ќе има своја криптовалута. Со ова, навивачите ќе имаат можност да учествуваат во менаџментот. Колку повеќе монети има еден фан, толку ќе биде позначаен неговиот глас во клубот. Ова особено ќе биде битно за одредување на ривалите за пријателски натпревари, но и некои одлуки кои директно се однесуваат на навивачите, како опремување на сектори, поддршка на фан-групите и сл.

Најново во Меѓународен Фудбал