ТРГНА ПО СТАПКИТЕ НА СВОЈОТ ИДОЛ - РОНАЛДО

Мбапе го менува дресот!

Килијан Мбапе на Светското првенство во Русија, не само што го освои златниот медал со Франција тој беше прогласен за најмлад играч на ова натпреварување.

објавено: 22 јули 2018 - 15:45

Килијан Мбапе на Светското првенство во Русија, не само што го освои златниот медал со Франција тој беше прогласен за најмлад играч на ова натпреварување. Иако има 19 години веќе покажа за каков играч станува збор, а многумина веќе му предвидуваа блескава кариера.

Заедно со Нејмар и Кавани минатата сезона беа неверојатно напаѓачко трио. Во првата година го носеше дресот со број 29, но одлучи да го промени. Десетката е неговата омилена бројка, но таа му припаѓа на Нејмар, па по заминувањето на Лукас Моура во Тотенхем, одлучи да се проба со седумката и да тргне по стапките на својот омилен фудбалер, Кристијано Роналдо.

Најново во Меѓународен Фудбал