НЕКОГАШНИОТ ФРАНЦУСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СО ПОРАКА ДО ШАМПИОНОТ

Лебеф до ПСЖ: Не го купувајте Паредес. Не трошете пари за џабе

Поранешниот светски шампион со Франција смета дека Аргентинецот нема квалитет да ги задоволи барањата на ПСЖ и дека тој би бил само неуспешен експеримент

објавено: 20 јануари 2019 - 12:30

Франк Лебеф, светскиот шампион со Франција од 1998 година и некогашен фудбалер на Стразбур, Челси и Марсеј ги повика челниците на ПСЖ да се откажат од намерите да го купат играчот за врска на Зенит Леандро Паредес. Аргентинскиот фудбалер се најде на радарот на францускиот шампион, а Лебеф смета дека тоа е погрешен потег.

ПСЖ ќе погреши ако го ангажира Паредес. Нивната идеја е да донесат дефанзивен играч за врска, нешто како Верати но мислам дека Леандро е погрешниот избор. Има разлика меѓу нив. Италијанецот знае да игра и во одбрана, додека Аргентинецот не. Тоа не е негова карактеристика и никогаш не играл во дефанзива. Дури и сосила да биде ставен како дефанзивен играч тој ќе направи многу грешки. Затоа имам порака до раководството на ПСЖ, ако сакате да заштедите 35 милиони евра откажете се од трансферот", изјави Лебеф за „Фут1".

Паредес има договор со Зенит до крајот на 2020/21, а претходно играше за Рома. Оваа сезона во 15 натпревари за рускиот тим даде три гола и имаше две асистенции.

Најново во Меѓународен Фудбал