НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР

Фотографија која ги загрижи навивачите на Јунајтед

„Црвените ѓаволи" веќе ги започна подготовките за новата сезона, а премиерлигашот од „Олд Трафорд" се наоѓа на турнеја во САД.

објавено: 21 јули 2018 - 11:00

Избраниците на менаџерот Жозе Мурињо скоро две недели ќе се подготвуваат во САД каде што ќе одиграат неколку контролни мечеви.

Првиот веќе е одигран ремизирајќи 1:1 против Клуб Америка, иако навивачите на овој клуб на социјалните мрежи не сакаа многу да ја критикуваат играта на својата екипа, бидејќи знаат дека е само почеток на подготовките.

Но, една фотографија предизвика голем број коментари. Во еден момент од средбата Манчестер Јунајтед како да немаше среден ред што секако ги загрижи фановите на клубот.

Најново во Меѓународен Фудбал