ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ

ФИФА: Три причини зошто Франција ја заслужува титулата!

Финалето на Светското првенство во Русија ќе се одигра в недела од 17:00 часот на стадионот „Лужњики" во Москва помеѓу репрезентациите на Хрватска и Франција.

објавено: 14 јули 2018 - 09:30

Верувале или не, и Светската фудбалска федерација има свој фаворит за титулата, и одвојува дури три причини зошто Франција заслужува да ја освои.

Поточно, нивниот репортер од Франција објаснува зошто „триколорите" треба да дојдат до титулата:

1. Солидност

-Од почетокот на Мундијалот, Франција била негатива на еден меч само девет минути. Дефинитивно Н'Голо Канте е еден од оние клучни играчи во средниот ред, 48 пати излегол како победник во дуелите. Голманот Љорис ги одбранил последните седум удари со кои се соочил. Со осум победи во неговите последни 11 натпревари (73%), Дидие Дешам го има најголемиот процент на победи од било кој селектор на најмалку 10. мечеви од СП. Килијан Мбапе стана најмладиот фудбалер после Пеле (1958 год.) што постигнал гол во нокаут-фаза на СП.

2. Тимскиот дух

-„СП не почитува талент, само репрезентации“. Тие беа зборовите на белгискиот селектор пред полуфиналниот меч против Франција. Момците на Дешам ги краси заедништво. Прво, на фудбалско ниво, секој играч може да има одлучувачки придонес или постигне клучен гол. Доказот е таму да се види во профилите на нивните стрелци од стартот на нокаут-фазата: дефанзивци, играчи од средниот ред и напаѓачи, сите се истакнаа. Второ, на човечко ниво, трансфомирани од збир на поединци во тесно поврзана група, од првиот играч до помошникот селектор, сите се 100% вклучени.

3. Историја

-20 години после нивната прва и единствена титула досега, Французите се блиску повторно да се искачат на тронот. Хрватите ќе бараат реванш за поразот во 1998. год. во полуфиналето, тоа е сигурно. Ако Франција слави в недела, Дидие Дешам ќе биде само третиот човек после Марио Загало и Франц Бекенбауер кој ја освоил титулата и како играч и како селектор.

Најново во Меѓународен Фудбал