ИЗРЕЧЕНИ ПРВИТЕ КАЗНИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

ФИФА ја казни Србија

ФИФА ги подели првите казни на Светското првенство, прва на листата е репрезентацијата на Србија.

објавено: 21 јуни 2018 - 08:00

ФИФА ги подели првите казни на Светското првенство, прва на листата е репрезентацијата на Србија, чија федерација ќе мора да плати 10.000 швајцарски франци или околу 8.700 евра поради недоличното однесување на своите фанови. За време на мечот со Костарика навивачите на нашиот северен сосед извадија пароли со политички пораки.

Србија славеше на овој дуел со 1-0, а денеска ќе го игра најважниот натпревар против Швајцартија за пласман во осминафиналето на Мундијалот.

Парична казна заработи и Мексико, поради навредите на фановите на оваа земја кон Мануел Ноер.

 

Најново во Меѓународен Фудбал