МЕСИ ГО НЕМА ПОСЛЕ 11 ГОДИНИ ВО ТОП 3

ФИФА го бира најдобриот играч на светот: Роналдо, Модриќ или Салах? (ВИДЕО)

Од претходно Светската фудбалска федерација ги објави номинациите за најдобри индивидуалци во претходната сезона.

објавено: 24 септември 2018 - 10:30

Тоа што најмногу ќе ги заинтересира љубителите на фудбалот денеска во Лондон ќе биде секако изборот за најдобар фудбалер на светот.

После една деценија во конкуренцијата го нема аргентинскиот интернационалец Лионел Меси, ѕвездата на Барселона.

Како прв фаворит за наградата се одвојува Лука Модриќ, шампион на Европа со Реал Мадрид и светски вицешампион со хрватската репрезентација.

-ПОРАДИ АВТОРСКИТЕ ПРАВА, ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ДИРЕКТНО НА ЈУТЈУБ-

Освен играчот на „кралскиот" клуб, во конкуренција за најдобар фудбалер на светот се наоѓаат уште Кристијано Роналдо, Португалецот до крајот на минатата сезона беше дел од Реал Мадрид, од оваа е член на Јувентус, како и Египќанецот Мохамед Салах кој ги брани боите на Ливерпул.

Освен најдобар фудбалер, ќе бидат прогласувани уште најдобрата фудбалерка, најдобриот тренер, најдобриот голман и најубавиот гол.

Најново во Меѓународен Фудбал