ОДИГРАНО ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ДЕРБИ МЕЧЕВИ ВО СВЕТОТ (2-0)

Евроголови во Суперкласико: Ривер ја „бомбардираше“ Бомбоњера! (ВИДЕО)

Во единственото „суперкласико" оваа сезона, екипата на Ривер Плејт како гостин ја совлада Бока Јуниорс со резултат 2:0.

објавено: 24 септември 2018 - 08:00

Секако, пеколна атмосфера на „Бомбоњера" го пречека Ривер, но брзо ја смири Гонзало „Пити" Мартинез.

„Десетката" во 15. минута упати страшен волеј после центаршутот на младата ѕвезда, Паласиос и испрати „проектил" во спротивниот агол на голот на Боја за молк на Бомбоњера.

Конечниот епилог во оваа аргентинска пресметка која се смета исто така за една од најголемите и најдобрите во фудбалскиот свет го постави Скоко по додавањето на Боре во 69. минута.

Најново во Меѓународен Фудбал