ФРАНЦУЗИНОТ СЕ ЗЕЗНАЛ КОГА ПРИФАТИЛ ДА ОДИ КАЈ КРИСТИЈАНО

Евра предупредува: Не одете на гости кај Роналдо!

Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед вели дека бил шокиран од тоа што го видел дома кај Португалецот

објавено: 19 јуни 2018 - 21:30

Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра ги советуваше сите оние кои ќе добијат покана да бидат гости на Кристијано Роналдо, воопшто да не ја прифаќаат или да одат најадени, бидејќи не треба да очекуваат храна кај Португалецот. 

„Не одете на гости кај Роналдо! Тој совет би му го дал на секого. Се сеќавам дека еднаш ме покани на гости, веднаш по тренингот. Бев уморен и гладен, но отидов. На масата за јадење имаше поставено само салата, бело вино и вода. Седнавме и започнавме да јадеме. Мислев дека после тоа следува главното јадење и месото, но немаше ништо такво“, се присетува Евра. 

Французинот вели дека Кристијано е како програмирана машина и секогаш мисли само на топката и тренингот. 

„По јадењето, тој веднаш ја зема топката и почна да игра. Ми рече дека сака да си додаваме, но јас му реков дека прво сакам да се најадам. Заминав кај неговиот базен, но и таму немаше храна. Роналдо е како машина, не сопира да тренира“, вели Евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал