НОВА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА „СТЕМФОРД БРИЏ“

„Еднаш син, засекогаш син“: Легендата се врати во Челзи!

„Сините" од Лондон го претставија поранешниот играч Џанфранко Ѕола како асистент менаџер.

објавено: 18 јули 2018 - 23:38

„Еднаш син, засекогаш син" - тие се зборовите на клубот кој му посакаа добредојде дома на славниот италијански фудбалер.

Тој на клупата ќе му помага на менаџерот Маурицио Сари кој исто така беше промовиран во Челзи. 52-годишниот Ѕола своевремено како фудбалер на Челзи имаше големи успеси.

Иако никогаш ја нема освоено Премиерлигата, со клубот имаше трофеи во тогашниот Куп на УЕФА (Лига Европа), УЕФА Суперкупот, два во ФА Купот, и по еден во Лига купот и Комјунити Шилд.

Најново во Меѓународен Фудбал