ЕДЕН ОД НАШИТЕ РИВАЛИ ВО УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ

„Џелатот“ на Македонија ќе ја води Ерменија!?

Ерменските медиуми почнаа да шпекулираат околу новото име на селекторската клупа на најдобрата фудбалска репрезентација.

објавено: 24 септември 2018 - 12:50

Да потсетиме, во изминатиот период од клупата си замина Вардан Минасјан, што било и помалку изненадувачки во тамошната федерација.

Последен дуел на Минасјан му беше оној во Скопје кога во рамките од УЕФА Лигата на нации загуби од Македонија (2:0).

Иако триумфираа нашите најдобри фудбалери, и понатаму сметаме дека токму Ерменците ни се најголем конкурент за првото место во Лигата „Д".

Џани де Бјази, италијанскиот стратег би можел да ја води ерменската репрезентација, така предвидуваат медиумите, но ништо не потврдуваат од федерацијата која претходно по заминувањето на Минасјан откри дека ќе се преговара со неколку имиња.

Да потсетиме, Де Бјази ја водеше Албанија во квалификациите за СП 2018, токму на првиот меч на Лоро Боричи стадионот во Скадар, и победата над Македонија.

Де Бјази на крајот не успеа да ја одведе Албанија на Мундијалот, на негово место дојде Кристиан Панучи. Де Биази во тренерската кариера ги водеше СПАЛ, Модена, Бреша, Торино, Леванте, Удинезе, Алавес...

Најново во Меѓународен Фудбал