ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ ЗНАЕ КАКОВ Е РЕДОТ

Џака, Шаќири и Лихтштајнер се извинија за „орлите“

Гранит Џака, Џердан Шаќири и Штефан Лихтштајнер јавно се извинија за провокации на дуелот со Србија на Светското првенство во Русија кога головите ги прославуваа со двоглав орел, симболот на голема Албанија. 

објавено: 4 септември 2018 - 19:30

Селекторот Владимир Петковиќ ги собра играчите пред дуелот со Исланд во рамките на Лигата на нации. Пред да ги кажат своите очекувања, прес-конференцијата почна поинаку, Гранит Џака, Џердан Шаќири и Штефан Лихтштајнер имаа за задача да се извинат за своите постапки за време на Светското првенство, кога со двоглав орел ги прославуваа головите.

„Навистина беше глупаво, повеќе никогаш нема да се случи“, изјави Џака.

„Не сакав на никого да му стапнам на „жуљ“, рече Штефан.

Им се извинувам на сите оние кои се чувствуваат погодени поради мојот потег“, изјави Шаќири.

Тројцата фудбалери на Мундијалот заработија парични казни за своите постапки, што пак не беше доволно за Швајцарците, кои функционираат поинаку, па затоа репрезентативците мораа јавно да се извинат.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал