СЕЛЕКТОРОТ СРЕЌЕН И ПОКРАЈ РЕЗУЛТАТОТ

ДУРИ И МОЛЕШЕ: Каков дебакл, Дарио Гомез е горд на Панама! (Видео)

Панама после вториот пораз е елиминарана од трката за осминафинале на Светското првенство.

објавено: 24 јуни 2018 - 16:39

Денеска во второто коло од групата Г загуби убедливо од Англија во Нижњи Новгород со резултат 6:1.

Но, селекторот на Панама, Хернан Дарио Гомез не е загрижен поради дебаклот, туку е горд и среќен на првиот историски гол кој го постигна неговата репрезентација на Мундијалите.

Единствениот погодок на денешниот меч го постигна 37-годишниот Фелипе Балој и стана најстариот дебитант што постигнал во целата историја на СП.

„Да, го признаваме високиот пораз, но и покрај тоа јас сум среќен, бидејќи го постигнавме првиот гол на Светските шампионати. Секако, има уште многу да се работи, јас се надевам дека овој Мундијал ќе го завршиме со победа и сите задоволни си заминеме дома", рече Дарио Гомез, селекторот на Панама.

Дури и при големата негатива на полувремето го молел колегата од спротивната страна, англискиот селектор Герет Саутгејт да попуштат малку во ритамот кој го наметнаа во првото полувреме и да постигне барем еден погодок неговата селекција, а на тоа стратегот на Англичаните се согласил: „Нема проблем, пријателе".

Панама ќе има последна шанса на ова Светско првенство да ја забележи и првата победа, на 28. јуни против Тунис кој исто така нема бодови.

Најново во Меѓународен Фудбал