МИЛАНО ГО ПРЕЧЕКА БЕЛГИЕЦОТ

ДОБРЕДОЈДЕ НИНЏА: Наинголан во Интер до 2022!

Раџа Наинголан и официјално е нов фудбалер на „неро-аѕурите", Белгиецот потпиша договор со Интер до 30. јуни 2022. година.

објавено: 26 јуни 2018 - 12:30

Изненади многумина со заминувањето од Рома, но одлучи да остане во Италија. Трансферот од римскиот клуб во Милано вреди околу 24 милиони евра.

Во спротивен правец се очекува да одат Давиде Сантоне и Николо Заниоло кој игра во младинските категории на Интер.

За период од четири и пол години во дресот на Рома имаше 230. натпревари и 33 голови во Серија А, националнот Куп, Лигата на шампионите и Лига Европа. За белгиската репрезентација има 30. мечеви и шест погодоци.

Најново во Меѓународен Фудбал