дали следува крах за мадриѓани?

Доаѓаат „црни“ денови за Реал: Еве како изгледаше тимот на „кралевите“ пред Роналдо

Пред да дојде Кристијано Роналдо во Реал, последниот меч на „кралевите“ беше на гости кај Осасуна во поразот од 2:1

објавено: 17 јули 2018 - 21:19

Времето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид и дефинитивно е завршено. Португалецот како вистински првак си замина од „кралскиот клуб“, освојувајќи ја Лигата на шампионите. Роналдо го остава Реал како европски првак,а  интересно е каков беше мадридскиот гигант пред да дојде Кристијано во клубот. 

Португалецот во Реал дојде во 2009 година, а последен меч на мадриѓани пред да дојде Роналдо беше тој на гости против Осасуна во првенството, во сезоната 2008/09. Таа сезона Барселона освои тројна круна (го освои првенството, Купот и Лигата на шампионите), додека Реал беше далеку од блесок.

На 31 мај 2009 година Реал гостуваше кај Осасуна во последното коло од Примера дивисион и мадриѓани загубија со 2:1.

На тој меч, на теренот за „кралскиот клуб“ настапија: Касилјас, Салгадо, Мертесакер, Кагелмахер, Торес, Робен, Ван дер Варт, Дијара, Марсело, Раул, Игуаин. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал