Францускиот селектор е најдобриот за минатата сезона

Дешамп е тренер на сезоната според ФИФА

објавено: 24 септември 2018 - 21:21

Откако им се приклучи на Марио Загало и Франц Бекенбауер како единствени кои во својата кариера успеале да го освојат светското фудбалско првенство и како играч и како тренер, сосема логично, селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп ја доби наградата за најдобар тренер за изминатата сезона во „The Best" наградите на ФИФА.

На церемонијата во Лондон, Дешамп беше прогласен за најдобар тренер во машка, додека неговиот сонародник Рејно Пердо ја доби наградата за најдобар тренер кај дамите. Наградата за најдобар тренер кај мажите во рацете на Дешамп отиде од уште една француска легенда, Арсен Венгер.

Најново во Меѓународен Фудбал