РЕМИ НА ДУЕЛОТ ВО САМАРА

Данска и Австралија ги поделија бодовите (Видео)

Во првиот натпревар од второто коло во групата Ц на Светското првенство ремизираа Данска и Австралија (1-1).

објавено: 21 јуни 2018 - 15:58

Уште во седмата минута одлична акција на Данците и мат во два потези. Јоргенсен ја доби топката, го пронајде својот соиграч Ериксен и овој прекрасен волеј удар донесе водство на Данците.

Дефинитивно една од најубавите акции и еден од најубавите голови во досегашниот дел од шампионатот.
Во 25. минута идеална шанса за Јоргенсен, после еден убав центаршут, му избега на противничкиот играч Сејнсбери, но лошо реагираше со глава и шансата пропадна.

12. минути подоцна дојде израмнувањето, со рака во шеснаесетникот играше Јусуф Поулсен, најпрвин судијата Лахоз тоа не го забележа, но после 30. секунди доби налог од контролната соба да ја погледне снимката. После ВАР реакцијата, беше досуден пенал кој го реализираше Јединак, негов втор од ситуација на Мундијалот.

Двете репрезентации имаа голема желба за победа, Данците „ловеа" осминафинале после 16 години, а Австралијците бркаа чудо. Без конкретни прилики, опасно се обидоа „кенгурите", но топката која помина низ петерецот, не успеа никој да дојде до неа.

Во 88. мин голема шанса за Австралијците, двапати Каспер Шмајхел ја спаси мрежата на Данска за само 20 секунди и тоа после обидот на Арзани, а потоа и Метју Леки, голема среќа за данските фудбалери.

Второто коло ќе биде комплетирано денеска со дуелот во Екатеринбург помеѓу Франција и Перу.

Најново во Меѓународен Фудбал