МУНДИЈАЛОТ Е ЗАВРШЕН, НО НЕ И ПРИКАЗНИТЕ

Далиќ откри што му кажа Пол Погба додека му се поклонуваше

Иако Светското првенство во Русија е зад нас, сепак на големо се пишува за случувањата и деталите...

објавено: 21 јули 2018 - 18:30

Иако Светското првенство во Русија е зад нас, сепак на големо се пишува за случувањата и деталите...А кога сме кај нив во центарот на вниманието е селекторот на Хрватска, Златко Далиќ и францускиот репрезентативец, Пол Погба, и неверојатната фотографија. Погба отиде кај предводникот на „коцкестите“ и му се поклони, гест кој беше позравен од сите навивачи ширум светот.

Откако ги собра емоциите, Далиќ откри што му кажал францускиот репрезентативец.

„Направивте одлична работа, одлична екипа“, ми рече Погба. Се ракувавме, и ми вети дека ќе ми донесе дрес по натпреварот. Убаво е да добиеш признание од ваков играч, за мене ова е голема сатисфкација, откри Далиќ.

 

Најново во Меѓународен Фудбал