И ПОКРАЈ БРОЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ

ДАЛИЌ ОДЛУЧИ: Тимот кој победува не се менува! (Фото)

Дури пет репрезентативци на Хрватска од првиот состав, вчера го пропуштија првиот тренинг пред големото финале в недела против Франција.

објавено: 14 јули 2018 - 11:30

Секој поради своја причина не тренираше, тие се: Перишиќ, Стриниќ, Ловрен, Субашиќ и Врсаљко. Но, радосни вести за селекторот Златко Далиќ е што сите ќе бидат подготвени за историското финале!

Со проверени играчи ќе им се спротивстави на „триколорите", тоа е истиот состав во истата формација како против Аргентина и Англија.

Стриниќ бараше замена против Англија, но без проблеми, потоа Субашиќ може да собере сили и за финалната битка и покрај проблемите на задната ложа, Ловрен доби само одмор, додека навивачите не треба да стравуваат околу коленото на Врсаљко.

Што се однесува до Перишиќ, тој воопшто и не е повреден, после полуфиналето само ногата била малку во лед.

Најново во Меѓународен Фудбал