се работи за договор се седум цифри во евро валута

Далиќ добива неверојатен договор за да остане селектор, а со тоа и Модриќ и Ракитиќ да не одат во репрезентативна пензија

Најуспешниот стратег во историјата на „коцкестите“ сепак нема да замине од клупата 

објавено: 22 јули 2018 - 18:30

Златко Далиќ сепак е можно да остане селектор на Хрватска и да добие договор кој ќе биде вреден еден милиони евра на годишно ниво. Вакви се најавите по пишувањата на хрватскиот портал „24.сата“. 

Според пишувањата, Далиќ сепак ќе остане на клупата на „коцкестите“ и тоа за неверојатен вреден договор. Со евентуалното останување на Далиќ, се верува дека ќе се „купат“ и Лука Модриќ и Иван Ракитиќ да не одат во репрезентативна пензија. Модриќ во септември ќе наполни 33 години, а Ракитиќ има 30 години. 

Се верува дека челниците на Хрватската фудбалска федерација ќе му дадат нов четиригодишен договор на Далиќ, а со тоа Хрватска верува дека ќе остане во врвот на фаворити за освојување на највисок пласман на Европското првенство кое ќе биде за две години.

Иднината на далиќ уште е неизвесна, а со тоа се отворени и многу прашања околу најуспешната хрватска фудбалска селекција, односно актуелнито светски вицепрвак.

Најново во Меѓународен Фудбал