стратегот доби едногласна доверба од Извршниот одбор на ХНС

Далиќ доби поддршка да остане селектор, на ред е Шукер да потврди

Останува претседателот на ХНС, да разговара со Златко околу новиот договор

објавено: 26 јули 2018 - 08:30

Извршниот одбор на Хрватската фудбалска федерација (ХНС) даде едногласна поддршка за Златко Далиќ да остане селектор на „коцкестите“ и во следниот период. Далиќ е тренерот кој ја предводеше репрезентацијата до историското второ место на Светското првенство во Русија. 

Иако имаше многу дилеми околу тоа дали Далиќ ќе добие доверба од ХНС, едногласна беше одлуката да се задржи актуелниот селектор. Сега останува претседателот на федерацијата, Давор Шукер да седне и да ги договори условите околу новиот договор. 

Хрватите веруваат дека со останување на Далиќ на клупата, тие ќе имаат шанси дури и за златен медал на Европското првенство во 2020 година. Селекторот Далиќ во моментов е една од најпопуларните личности во цела Хрватска. 

Најново во Меѓународен Фудбал