ТРЕТА СРЕЌА ЗА „КОЦКЕСТИТЕ“?

Дали Хрватска ќе сруши рекорд на светските првенства?

После неверојатните драми на натпреварите против Данска и Русија, може ли да се случи в среда против Англија, Хрватите и по трет пат да ја бараат среќата за пласман преку ударите од белата точка?

објавено: 11 јули 2018 - 09:00

Во историјата никогаш досега не се случило една репрезентација во три натпревари во низа да изведува пенали.

Освен Хрватска две победи по ред со удари од белата точка остварија уште Аргентинците на СП 1990. година.

Диего Марадона и неговите соиграчи во четвртфиналето со 3:2 ја совлада Југославија, а во полуфиналето Италија (4:3). „Гаучосите" на тој Мундијал загубија од Германија со 0:1.

Германците се „кралеви" за шутирање на пенали. На светските првенства четири пати изведувале најстроги казни и секој пат се пласирале понатаму (1982., 1986., 1990., 2006. год.)

Но, полека им се закануваат Хрватите. Од репрезентациите кои барем двапати изведувале пенали во историјата на СП само уште Хрватска има 100% учинок - два од два.

Најмногу пати изведувале Аргентинците, пет пати, од кои на четири биле успешни. Бразил има скор 3-1, Италија 1-3, Шпанија 1-3...

Најново во Меѓународен Фудбал