МОЖНИОТ ПРОТИВНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ВО ЛШ

Црвена Звезда шокирана во Белград: Трнава може да налета на Шкендија! (Видео)

Вечерва на стадионот „Рајко Митиќ" се одигра првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите...

објавено: 7 август 2018 - 22:28

Иако можеби пред мечот се најавуваше сигурна победа на „црвено-белите", разочарани лица на трибините, откако одиграа само 1:1 против Трнава.

Овој гостински гол ги остава Словаците во одлична позиција пред реваншот каде што може и со 0:0 дома да обезбеди плеј-оф во Лигата на шампионите.

Најпрвин поведе Црвена Звезда од пенал благодарение на Бен, а само 120. секунди подоцна Грендел го постави конечниот епилог.

Да потсетиме, победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од Салцбург-Шкендија во плеј-офот на ЛШ и доколку и утре (19:00 ч.) македонскиот шампион во Австрија извлече поволен резултат, а вечерашниот сигурно можеби малку ќе ги мотивира, дефинитивно патот кон групите во елитното натпреварување би бил „полесен".

Најново во Меѓународен Фудбал