НИКОГАШ ПОСИЛНА ПРЕМИЕРЛИГАТА

„Црешите“ со мундијалски пакет: 60 милиони за Лерма и Лаксалт!

Дуото кое добро се покажа во Русија би можело да заврши на „Виталити" стадионот.

објавено: 19 јули 2018 - 09:00

Екипата на Борнмут влегува со сериозни амбиции во новата сезона од Премиерлигата.

Ова лето популарните „цреши" успеаја да го ангажираат талентираниот играч за врска, Дејвид Брукс за 13 милиони евра од Шефилд Јунајтед.

Тука нема да застане клубот, подготвени се 60 милиони евра за двајца фудбалери кои оставија добар впечаток на Светското првенство.

Станува збор за 23-годишниот репрезентативец на Колумбија и соиграч на Енис Барди од Леванте, Џеферсон Лерма кој на Мундијалот запиша неколку настапи и покажа дека има голем потенцијал.

Со него во пакет се очекува да пристигне 25-годишниот Уругваец кој беше редовен за својата селекција на СП, од 2016. година е член на Џенова на Горан Пандев, а сега би можел да се пресели во најсилната англиска фудбалска лига.

Најново во Меѓународен Фудбал