КОГА СЕ БАРААТ ДУПКИ ВО ПРАВИЛНИКОТ

Циркус на теренот: Одглуми повреда во првиот контакт со топката (видео)

Фудбалскиот сојуз на БиХ се труди да им даде шанса на помладите фудбалери во тимовите, меѓутоа не размислува дека во нивните правилници постојат грешки

објавено: 15 октомври 2018 - 11:33

Неодамна ФС на БиХ ги задолжи клубовите да имаат по тројца играчи до 21 година на теренот. На многу клубови тоа не им одговара и сакаат да играа со постари играчи, па често се одлучуваа уште на почетокот да вадат еден млад играч и да стават повозрасен.

Но ФС на БиХ го спречи и тоа. Сега ако излезе играч помлад од 21 година, тој може да биде заменет само со играч на истата возраст.

Славен од Живиница најде „дупка во законот" затоа што тоа правило се однесува само на иргачи, а не и на голманите. Тие против Вележ му наредија на младиот голман да одглуми повреда уште во првата минута. Тој го одбил тоа и наредниот меч е ставен на трибините. Раководството на Славен претстави нов трик на мечот против Витез.

Тие ставија одбранбен фудбалер до 21 година на теренот кој „одглуми" повреда при првиот контакт со топката, а бидејќи немале друг голман помлад од 21 година, го ставија поискусниот.

Публиката ја воочи финтата и почна да се смее, а од Фудбалската федерација никако да им текне што всушност се прави на терените.

Најново во Меѓународен Фудбал