СЕ Е МОЖНО ВО ФУДБАЛСКАТА ИГРА

ЧУДО ВО АЛБАСЕТЕ: Шпанците имаа 43 удари, 22 корнери и на крајот загубија!

Неверојатно, но вистинито. Нема други зборови како да се опише победата на У-21 репрезентацијата на Северна Ирска над домаќинот Шпанија (1:2).

објавено: 11 септември 2018 - 21:58

Вистинско чудо се случи во Албасете, иако шпанските надежи беа огромни фаворити во овој натпревар, сите прогнозираа голеада, но на крајот изненадувачки загубија.

Лавери во четвртата и Донели во осмата минута беа стрелци за историска победа на Северна Ирска, а Шпанците само можеа да го ублажат својот срамен пораз дури во 92. минута преку Мир.

А сега погледнете ја статистиката. Поседот на топката скоро 70% на страната на Шпанија, 43:3 беше во удари, 22-0 во корнери...но што вреди кога на крајот Северна Ирска е победникот. Шпанија така е поразена за прв пат после седум победи.

Најново во Меѓународен Фудбал