Им преседна дебаклот со Русија

Чешка му врачи отказ на Јаролим

Јарослав Шилхави, поранешниот тренер на Славија Прага или Витеслав Лавичка, кој е актуелен селектор на репрезентацијатана Чешка до 21 година се главни фаворити за негов наследник.

објавено: 11 септември 2018 - 18:00

Фудбалската репрезентација на Чешка ќе има нов селектор. Досегашниот предводник на националниот тим, Карел Јаролим беше ослободен од функцијата по вчерашната катастрофа на тест-дуелот со Русија од 5:1.

За Чесите тоа беше втор пораз во рок од само неколку дена откако претходно загубија од Украина дома во првото коло од Лигата на нации на УЕФА.

Од Фудбалската федерација на Чешка соопштија дека го прекинуваат договорот на Јаролим, кој го презеде тимот во 2016-та година, но не успеа да го однесе на Светското првенство во Русија ова лето. 62-годишниот стретег оствари само 10 победи во 22 натпревари на чело на Чешка.

Новиот селектор ќе се знае во наредните денови кога раководството на Федерацијата ќе се сретне со кандидатите за нов селектор. Медиумите во Чешка типуваат на двајца кандидати: Јарослав Шилхави, поранешниот тренер на Славија Прага или Витеслав Лавичка, кој е актуелен селектор на репрезентацијатана Чешка до 21 година.

 

Најново во Меѓународен Фудбал