лондончани решија да заработат, па останаа без еден напаѓач

Челзи го продаде првиот играч летово, но дали Реал е купувачот?

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ одлучи дека за следната сезона во своите редови нема да сметаат на еден од офанзивните играчи

објавено: 23 јули 2018 - 09:00

Екипата на Челзи и официјално објави дека ја направи првата продажба за ова лето. Иако се очекуваше тоа да биде некој од гилемите ѕвезди, сепак тоа уште не се случило.

Од лондонскиот клуб си замина Жереми Бога. Напаѓачот кој не ни се очекуваше да добие шанса во првиот тим на Челзи, за сума од пет милиони евра направи транфсер во италијанската Серија А. Екипата на Сасуоло реши да потроши пет милиони евра за реализација на овој трансфер. 

Бога веќе девет години беше дел од Челзи, но не успеа да забележи ниту еден настап во стартниот тим. 

Најново во Меѓународен Фудбал