Домагој Вида заедно со Дејан Ловрен блескаат во дресот на хрватската репрезентација на Светското првенстви во Русија, овој тандем е еден од најзаслужните за пласманот во финалето. Според последните информации нема да биде чудо доколку двајцата фудбалери играат заедно и во Ливерпул.
По првата понуда на англискиот тим од 15,9 милиони фунти, која Бешикташ веднаш ја доби, стигна нова понуда до турскиот тим, овој пат од 17,9 милиони фунти.
Сепак за челниците на Бешикташ ниту оваа сума на пари не е деоволна за да се раздели од Вида, кој во таборот на тимот стигна во јануари од Динамо Киев.