НА ЕДЕН ОД ТРЕНИНЗИТЕ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН

Цела Франција му се смее на фудбалерот на Барса! (ВИДЕО)

Напаѓачот на ПСЖ се најде во центарот на вниманието после еден потег со кој го измами Усман Дембеле и така предизвика голема смеа кај останатите репрезентативни колеги.

објавено: 15 октомври 2018 - 11:00

Француската репрезентација се подготвува за натпреварот од УЕФА Лигата на нации против Германија кој е на програмата в среда со почеток од 20:45 часот во Париз.

На еден од тренинзите доминираше Килијан Мбапе, а на Дембеле, фудбалерот на Барселона, дефинитивно не му беше сеедно. Особено поради реакцијата на Мбапе после трикот.

Мечот помеѓу Франција и Германија ќе го суди Србинот Милорад Мажиќ. Германците имаат императив победа, или барем да не загубат, моментно се последнопласирани во групата и им се заканува испаѓање во Лигата „Б". доколку останат на дното.

Најново во Меѓународен Фудбал