БРАЗИЛСКА МАГИЈА ВО ТИАНЏИН

Фантастичен „проектил“ на Пато! (ВИДЕО)

Пато, поранешниот вундеркид на Милан, одамна е заборавен помеѓу љубителите на фудбалот ширум Европа.

објавено: 3 август 2018 - 08:30

Но, не заборавил бразилскиот интернационалец да игра фудбал. 28-годишниот играч настапува за кинескиот клуб Тианџин Кванџин заедно со Белгиецот Витсел.

Повторно го привлече вниманието со гол од слободен удар, иако неговиот тим загуби убедливо со 4:1, успеа да го ублажи поразот со еден фантастичен „проектил" во мрежата на противникот.

Да потсетиме, Пато беше прогласен за најголема надеж на светскиот фудбал во 2007. година, а тогаш од бразилскиот Интернасионал за околу 24 милиони евра се пресели во Милан.

Најново во Меѓународен Фудбал