НЕВЕРОЈАТНА МУНДИЈАЛСКА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

БРАЗИЛЕЦ КОЈ ИГРА ЗА РУСИЈА: Се „убивал" од алкохол, пател од депресија, го одбил Реал, и го издаде Бразил!

Репрезентативецот на Русија Марио Фернандез игра фантастично на Мундијалот, и вечерва ќе претставува сериозна опасност за хрватскиот тим...

објавено: 7 јули 2018 - 14:30

Фудбалската репрезентација на Русија е специфична според тоа што во голема мерка се потпира на играчи од домашната лига. Само Черишев (Виљареал), Габулов (Бриќ) не се играчи кои „потекнуваат" од руската Суперлига.

Меѓутоа, во своите редови Русите имаат и еден странец, 27.годишниот Бразилец, Марио Фернандез.
Десниот бек на московска ЦСКА, и репрезентацијата на Русија блеска на овој шампионат. Дефинитивно е еден од најдобрите на таа позиција, и на основа на овие игри, веројатно тешко дека може да се претпостави неговото минато.
Бурно во секој случај...

Во 2009 година, Фернандез потпиша прв профи договор со Гремио. Подобар почеток на кариерата и не можел да си посака. Меѓутоа, само еден ден по потписот на договорот, едноставно исчезнал. Луѓето од клубот, пријателите, семејството.. никој не знале каде се наоѓа.
Ја повикаа полицијата да им помогне во потрагата. Пронајден е после три дема, на стотина километри подалеку од Порто Алегре.
Откако го потпишал договорот, Фернандез паднал во депресија, и решил да оди во посета кај неговиот чичко. Запирал на секои стотина километри. И кога го пронашле бил целосно исцрпен и гладен.
Одел на психотерапии за да се излечи од депресивноста. Кога се опоравил, почнал да игра навистина добро во бразилската лига, но и понатаму му било тешко. Не внимавал на исхраната, пиел многу алкохол, излегувал во ноќните клубови, и „заборавал на тренинзите"...

„Некогаш толку многу пиев што и на тренинзите доаѓав во алкохолизирана состојба. Имав само 19.години и живеев во Порто Алегре. Јадев пица, бев во Мекдоналдс секој ден. Еден ден нутриционистот од клубот ми рече дека морам да јадам само во клубот, под негов надзор"- открива Фернандез.

Секако, таквиот стил на живот го донесе до една катастрофална состојба. Имаше 21. година кога доби повик за бразилската репрезентација. Една вечер пред поаѓањето, се напил, задоцнил на летот, и веднаш е тргнат од списокот во период од три години.
Следуваше заминувањето во Москва, односно во ЦСК А.
Клубот од главниот град на Русија извои повеќе од десет милиони евра за Бразилецот, што во тоа време, во 2012 година, беше „скап трансфер".
Тоа всушност беше порака дека Русите веруваат во него, а тој веднаш ја оправда нивната доверба. Кога работата беше целосно завршена, Реал Мадрид покажа интересе за него. Понуди „кралскиот клуб" многу повеќе пари. Неговиот агент дури и му го кажа износот. Но Марио не сакал да го прекрши ветувањњто. Знаеше дека во ЦСКА ќе има место во првите 11 и дека ако биде исто така добар, Реал повторно ќе се(по) јави во иднина.
И навистина, Марио Фернандез веднаш доби место во стартната постава на „армејците", и играше сјајно. Потполно го смени начинот на живот. Почна да оди и во црква, а верата потполно го промени.

Во 2015 година повторно беше повикан во бразилскиот национален тим. Тогаше веќе беше како „домашен играч" во Русија, затоа што имаше сериозни индиции дека ќе добие и руски пасош.
На неговиот избор на репрезентацијата влијаеа и одредени околности. Играше за Бразил само еднаш, на пријателски натпревар, а Русија му стана вториот дом. Таму имаше омилен клуб, омилена црква. Сето тоа влијаеше на неговата дефинитивна одлука.
Доби руски пасош, а многу брзо после тоа, доби и повик за националниот тим на Русија. Некои луѓе во Бразил го нарекоа предавник, но тоа не стигнува баш премногу до Фернандез.
Тој е среќен, и што е поважно, сигурен во својата одлука.
Игра четвртфинале на СП, малку ли е?

Најново во Меѓународен Фудбал