ПОСЛЕ ГАЛА СВЕЧЕНОСТА ВО ЛОНДОН СЕ ОГЛАСИ И СРПСКИОТ ТЕНИСЕР

Честитки и од Ѓоковиќ за успехот на Лука Модриќ! (ФОТО)

Хрватскиот капитен во Лондон ја доби наградата на ФИФА за најдобар играч на светот. Лидерот на Реал и хрватската фудбалска репрезентација заврши пред Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, а освен споменатите награди, се наоѓа и во најдобриот состав на светот во минатата сезона.

објавено: 26 септември 2018 - 08:00

Лука Модриќ после доделувањето доби различни честитки од репрезентативните колеги, поранешни соиграчи, фудбалски легенди како бразилскиот Роналдо, Пеле, Роналдињо...

Честитки стигнаа и од тенискиот свет, помеѓу нив се и оние хрватски репрезентативци Марин Чилиќ и Иван Додиг, а особено се истакнува честитката од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Браво, Лука. Апсолутно заслужено мајсторе, нека е со среќа", напиша Ноле и ги одушеви фановите ширум светот и во краток рок собра голем број на „лајкови" под објавата на Лука на „Инстаграм".

Ѓоковиќ навиваше за Хрватска на Светското првенство во Русија. За време на дуелот помеѓу Хрватите и Аргентинците на социјалните мрежи напиша: „Ајмо Ватрени".

Најново во Меѓународен Фудбал