Три недели откако стана фудбалер

Болт ја „замрзна“ фудбалската кариера

Како што објавија медиумите, тој прекинал со тренинзи во фудбалскиот тим на Централ Коуст Маринерс и ќе го нема во тимот една недела, за да ги исполни "претходно испланираните" ангажман во странство.

објавено: 9 септември 2018 - 14:30

Олимпискиот шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, спринтерот Усаин Болт само што ја почна, реши времено да ја прекине фудбалската кариера. Како што објавија медиумите, тој прекинал со тренинзи во фудбалскиот тим на Централ Коуст Маринерс и ќе го нема во тимот една недела, за да ги исполни "претходно испланираните" ангажман во странство.

32-годишниот Болт тренира со тимот во последните три недели и се надева дека ќе потпише професионален договор за сезоната 2018/2019.

Болт дебитираше за Централ Коуст на 31 август, кога влезе во игра во последните 18 минути во контролен меч против локален аматерски тим.

Најново во Меѓународен Фудбал